SYNERGY Витамин Е 400 iu, 60 капсули
SYNERGY VITAMIN E 400IU / Синерџи витамин Е /
МАКСИМАЛНА ЗАШТИТА НА КЛЕТКИТЕ
Што претставува Vitamin E 400IU?
Витаминот Е (токоферол) припаѓа во групата на липосолубилни витамини. Делува како антиоксидант заштитувајќи ги од оксидација незаситените масни киселини и другите супстанции. На тој начин, витаминот Е ги штити клетките од штетното дејство на слободните радикали и ја одржува нивната функција.
Витаминот Е ги штити крвните садови и го намалува ризикот од појава на атеросклероза и коронарна срцева болест.
Има позитивно дејство врз целиот организам: позитивно дејство врз жлездите со внатрешно лачење, особено врз функцијата на половите жлезди и затоа се нарекува витамин на плодноста. Ја забрзува циркулацијата на крвта и ја подобрува работата на мускулите. Го чува организмот од прерано стареење, ја одржува еластичноста на телото, ја зголемува виталноста и ја потикнува активноста на организмот.
Дејство на Витамин E 400IU
Како есенцијална супстанца, организмот не може самиот да го произведува, затоа секогаш мора да се внесува како состојка во храната или додаток на исхраната.
Најважно дејство на витамин Е во организмот е неговото антиоксидантно дејство затоа што ги штити сите телесни клетки и органи од разорувачко дејство на слободните радикали и на тој начин го спречува нивното предвремено стареење и пропаѓање. Како најефикасен липосолубилен антиоксидант во биолошките мембрани на критичните клеточни структури, истите ги штити од оштетување од слободните радикали кои се причина за настанување на заболувања.
Недостатокот на витамин Е се манифестира со замор, проблеми со концентрација, ослабен имунолошки систем, анемија, ниско ниво на тиреоидни хормони, проблеми со видот, раздразливост, депресија и др. Бројни научни истражувања покажаа дека дополнително внесување на овој витамин овозможува вистински благодет како превентивно средство или како додаток на вообичаената терапија.
Витамин Е како дополнително средство се употребува за заштита на имунолошкиот систем, особено кај постарата популација и како превенција и дополнителна терапија на кардиоваскуларни (посебно ги штити крвните садови и спречува атеросклероза), ревматоидни и имунолошки заболувања. Погоден е како превенција кај заболувања на очите бидејќи го намалува ризикот од катаракта и макуларна дегенерација.