POX CLIN PENA 100 ml
Pox Clin пена 100ml.
Иновативна пена со ефект на ладење за нега на кожата кај деца со овчи сипаници
PoxClin® пената за ладење е медицински производ, од природни состојки како што се Aloe barbadensis и камилица, а наменет е за нега на детската кожа со овчи сипаници. Колку што знаеме, најчеста тегоба кај овчите сипаници е јадежот кој предизвикува чешање кое пак може да предизвика дополнителни компликации или трајни лузни, така да лекувањето првенствено е насочено кон спречување на чешањето.
PoxClin® пената за ладење содржи комплекс 2QR, патентиран инхибитор на бактерии кој е изолиран од растението Aloe barbedensis. 2QR ги спречува бактериите со создавање на физичка бариера помеѓу бактериите и кожата. На тој начин го спречува размножувањето на бактериите на кожата и појава на бактериска инфекција. Со намалување на можноста за инфекција, PoxClin® пената за ладење овозможува природен процес на зараснување и спречува појава на лузни поради чешањето.
ја лади и смирува кожата
брзо го ублажува чешањето
ја намалува можноста за појава на трајни лузни