DIVO ORIGANO MASLO 10 ml
PROBOTALIFE Органско масло од диво оригано 10 ml + ПОДАРОК Oregano Bonbons пастили, 30 пастили.
Probotalife - 100% органско масло од диво оригано.
Органско масло од диво оригано е масло добиено од истоименото медитеранско растение кое важи за едно од најлековитите растенија во светот. Тоа е многу ценето, а се добива од дивите видови на оригано со посебен процес на дестилација
Постојат над 40 видови оригано, но за најделотворно се смета Origanum Minutiflorum
Благотворното дејство на маслото од диво оригано доаѓа од присуството на Карвакрол (над 90%)
Состав: 100% органско чисто масло од диво оригано.
Употреба: маслото од диво оригано се користи во хербалната медицина уште од многу одамна. Поради големата концентрираност, никогаш не се користи директно, секогаш се разредува. Најдобро е да се разреди во некое масло (масло од кокос, од црн кумин, маслиново масло) добро да се измеша и да се испие, или вкусот најдобро се маскира во 50 мл јогурт или млеко (може и растително).
Начин на дозирање: се препорачува да се пие после оброк. Маслото од диво оригано се пие 21 ден (3 недели) и тоа:
За возрасни: за полесно привикнување, првата недела се пие 3 пати на ден по 1 капка, растворена во 50 мл јогурт или млеко, или во 1 голема лажица друго масло (маслиново, кокосово, сончогледово, ленено). Втората недела се пие 3 пати на ден по 2 капки исто така растворени во 50 мл јогурт или млеко, или во 1 голема лажица друго масло (маслиново, кокосово, сончогледово, ленено). Третата недела се пие 3 пати на ден по 3 капки исто така растворени во 50 мл јогурт или млеко, или во 1 голема лажица друго масло (маслиново, кокосово, сончогледово, ленено). После трите недели на косумација се прави пауза од 10 дена и доколку има потреба постапката се повторува. Да не се надминуваат препорачаните дози. Максималниот број на капки на дневна основа е 10-12.