CANABIGAL NOKEN KREM 50 ml
CANABIGAL Ноќен крем за лице 50mg CBD
CANABIGAL (Канабигал) ноќен крем за лице ја штити кожата на лицето, ја задржува нејзината влажност, ги измазнува брчките и ги зацврстува контурите на лицето. Хранливите материи во CANABIGAL ноќен крем за лице помагаат при обновување на кожата за време на спиењето, правејќи ја видливо посјајна и мазна.
CANABIGAL ноќен крем за лице претставува комбинација на:
- CBD со бадемово масло,
- хијалуронска киселина,
- пантенол
- витамини А и Е
Бадемовото масло ја храни и негува кожата во текот на ноќта.
Хијалуронската киселина видливо ги пополнува брчките и спречува формирање на нови при што кожата добива свеж и блескав изглед.
Пантенолот има смирувачки ефект, го намалува црвенилото и делува противвоспалително.
Витаминот Е ја измазнува кожата и ја штити од штетното влијание на околината.