BEDOXIN tbl. 20 x 20 mg
Активна состојка на таблетите Бедоксин е пиридоксин хидрохлорид, кој е витамин Б6. Има значителна улога во метаболизмот, првенствено на аминокиселините, но и јаглехидратите и мастите, како и при создавањето на хемоглобинот.
Пиридоксинот исто така може да се користи во лекувањето на оштетените нерви (периферен невритис)
Состав: една таблета содржи:
Пиридоксин хидрохлорид 20 мг
Помошна состојка: лактоза монохидрат
Употреба:
Недостаток на витаминот Б6 во организмот:
Возрасни и деца над 12 години: 20 до 50 мг дневно, до три пати дневно.
Идиопатска сидеробластна анемија:
Возрасни и деца над 12 години: 100 до 400 мг дневно, поделено во неколку дози.
Периферен невритис кој е предизвикан од употребата на лекот изониазид:
Возрасни и деца над 12 години: 50 мг, три пати дневно.
Пакување: 20 таблети