{"product_id":"synergy-zinc-tbl-60-x-15-mg","title":"SYNERGY Цинк 15 mg, 60 таблети","description":"\u003cp\u003eSYNERGY ZINK 15mg\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eЕФИКАСЕН СОЈУЗНИК НА ИМУНИТЕТОТ\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eЦинкот е минерал кој е од витално значење за секојдневните физиолошки процеси.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eКако катализатор на над 100 ензимски реакции, метаболни процеси и учество во синтеза на протеини, спаѓа во групата на есенцијални минерали кои се потребни секојдневно да се внесуваат преку исхраната или преку додатоци на исхрана.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eЦинкот е моќен минерал кој ни е потребен за здрав имун систем, за правилна функцијата на тироидните хормони, половите хормони и за одржување на нормално ниво на глукоза во крвта (инсулинот). Помага при метаболизмот на разградба на јаглехидратите за енергија, но и во одржувањето на здравјето на кожата и ноктите. Игра значајна улога и при делбата и растењето на клетките, при заздравувањето на раните. Неговото дејство се должи на антиоксидативната моќ на овој минерал, што резултира со уништување на слободните радикали кои се причина за повеќе заболувања, како и за предвремено стареење.\u003c\/p\u003e\n\u003ch4\u003e\u003cb\u003eДејство на Zink 15mg\u003c\/b\u003e\u003c\/h4\u003e\n\u003cul\u003e\n\u003cli\u003eНормална функција на имунолошкиот систем\u003c\/li\u003e\n\u003cli\u003eНормална плодност и репродукција\u003c\/li\u003e\n\u003cli\u003eОдржување на здрава коса, нокти и кожа\u003c\/li\u003e\n\u003c\/ul\u003e\n\u003cp\u003eЦинкот е минерал чие присуство во нашиот организам е неопходно за нормално функционирање на повеќе од 100 ензими. Важна улога има и во синтеза на ДНК, во клеточната делба и клеточниот метаболизам. Неопходен е за синтеза на протеините, и на тој начин поттикнува правилен раст и развој. Цинкот ни е потребен за претворање на (Т4 тироксин) во Т3 (тријодтиронин), па е важен и за нормална функција на штитната жлезда. Исто така, дејствува смирувачки на нервниот систем.\u003c\/p\u003e\n\u003ch4\u003eОвој минерал е моќен антиоксидант и стимулатор на имунитетот.\u003c\/h4\u003e\n\u003cp\u003eЗголемувајќи ја одбранбената способност на организмот, тој придонесува во спречување на инфекции. Цинкот ги поттикнува и процесите на регенерација на коските, а на кожата и слузокожата спречува развој на бактерии, има способност за сушење и затегнување на кожата и слузокожата, со што придонесува за намалување на јадеж и болка. И добриот вид на очите во голема мера зависи од внесување на цинкот.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eВнесување на цинкот е особено важно за хормоните кои што го регулираат растот на телото и машкиот хормон тестостерон. Недостигот на цинк кај мажите го намалува нивото на тестостерон и бројот на сперматозоидите. Нивото на тестостерон влијае и врз сексуалната активност, големината на мускулната маса, растот на коските и сл. Затоа е потребно мажите да му посветат поголемо внимание на цинкот и на храната која е богата со цинк.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eНедостаток на цинк може да доведе до различни промени на кожата (акни, егземи, псоријаза, груба и сува кожа), до опаѓање на косата, пореметување во растот, нервна напнатост, забавување на когнитивните способности, губење на апетит и килограми, забавен раст на коските, одложување на менструалниот циклус и намалена продукција на сперматозоиди.. Пад на имунитетот како резултат на недостиг од овој минерал може да биде причина за чести настинки.\u003c\/p\u003e","brand":"Lekora.shop","offers":[{"title":"Default Title","offer_id":52159803097401,"sku":null,"price":520.0,"currency_code":"MKD","in_stock":true}],"thumbnail_url":"\/\/cdn.shopify.com\/s\/files\/1\/0990\/6352\/9785\/files\/synergy-zinc.jpg?v=1778016259","url":"https:\/\/lekorashop.com\/products\/synergy-zinc-tbl-60-x-15-mg","provider":"Lekora.shop","version":"1.0","type":"link"}