{"product_id":"synergy-vitamin-e-400iu-cps-x-60","title":"SYNERGY Витамин Е 400 iu, 60 капсули","description":"\u003cp\u003eSYNERGY VITAMIN E 400IU \/ Синерџи витамин Е \/\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eМАКСИМАЛНА ЗАШТИТА НА КЛЕТКИТЕ\u003c\/p\u003e\n\u003ch4\u003e\n\u003cstrong\u003eШто претставува\u003c\/strong\u003e \u003cstrong\u003eVitamin E 400IU\u003c\/strong\u003e\u003cstrong\u003e?\u003c\/strong\u003e\n\u003c\/h4\u003e\n\u003cp\u003eВитаминот Е (токоферол) припаѓа во групата на липосолубилни витамини. Делува како антиоксидант заштитувајќи ги од оксидација незаситените масни киселини и другите супстанции. На тој начин, витаминот Е ги штити клетките од штетното дејство на слободните радикали и ја одржува нивната функција.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eВитаминот Е ги штити крвните садови и го намалува ризикот од појава на атеросклероза и коронарна срцева болест.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eИма позитивно дејство врз целиот организам: позитивно дејство врз жлездите со внатрешно лачење, особено врз функцијата на половите жлезди и затоа се нарекува витамин на плодноста. Ја забрзува циркулацијата на крвта и ја подобрува работата на мускулите. Го чува организмот од прерано стареење, ја одржува еластичноста на телото, ја зголемува виталноста и ја потикнува активноста на организмот.\u003c\/p\u003e\n\u003ch4\u003e\u003cstrong\u003eДејство на Витамин E 400IU\u003c\/strong\u003e\u003c\/h4\u003e\n\u003cp\u003eКако есенцијална супстанца, организмот не може самиот да го произведува, затоа секогаш мора да се внесува како состојка во храната или додаток на исхраната.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eНајважно дејство на витамин Е во организмот е неговото антиоксидантно дејство затоа што ги штити сите телесни клетки и органи од разорувачко дејство на слободните радикали и на тој начин го спречува нивното предвремено стареење и пропаѓање. Како најефикасен липосолубилен антиоксидант во биолошките мембрани на критичните клеточни структури, истите ги штити од оштетување од слободните радикали кои се причина за настанување на заболувања.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eНедостатокот на витамин Е се манифестира со замор, проблеми со концентрација, ослабен имунолошки систем, анемија, ниско ниво на тиреоидни хормони, проблеми со видот, раздразливост, депресија и др. Бројни научни истражувања покажаа дека дополнително внесување на овој витамин овозможува вистински благодет како превентивно средство или како додаток на вообичаената терапија.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eВитамин Е како дополнително средство се употребува за заштита на имунолошкиот систем, особено кај постарата популација и како превенција и дополнителна терапија на кардиоваскуларни (посебно ги штити крвните садови и спречува атеросклероза),  ревматоидни и имунолошки заболувања. Погоден е како превенција кај заболувања на очите бидејќи го намалува ризикот од  катаракта и макуларна дегенерација.\u003c\/p\u003e","brand":"Lekora.shop","offers":[{"title":"Default Title","offer_id":52159798247737,"sku":null,"price":903.0,"currency_code":"MKD","in_stock":true}],"thumbnail_url":"\/\/cdn.shopify.com\/s\/files\/1\/0990\/6352\/9785\/files\/synergy-vit-e-400.jpg?v=1778016077","url":"https:\/\/lekorashop.com\/products\/synergy-vitamin-e-400iu-cps-x-60","provider":"Lekora.shop","version":"1.0","type":"link"}