{"product_id":"synergy-vitamin-c-tbl-60-x-1000-mg","title":"SYNERGY Витамин Ц 1000 mg, 60 таблети","description":"\u003cp\u003eSYNERGY VITAMIN C 1000MG\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eИЗОБИЛСТВО НА БИОЛОШКИ ФУНКЦИИ\u003c\/p\u003e\n\u003ch4\u003e\n\u003cstrong\u003eШто претставува\u003c\/strong\u003e \u003cstrong\u003eVitamin C 1000mg\u003c\/strong\u003e\u003cstrong\u003e?\u003c\/strong\u003e\n\u003c\/h4\u003e\n\u003cp\u003eВитамин Ц (Аскорбинска киселина) е хидросолубилен есенцијален витамин. Во организмот аскорбинската киселина се оксидира во дехидроаскорбинска киселина. Овие две форми се важни за оксидо-редуктивните процеси во организмот.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eВитамин Ц учествува во синтезата на колагенот од коските, забите, кожата, рскавицата, тетивите и крвните садови.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eТој е вклучен во многу важни процеси во организмот: синтеза на тирозинот, ковнерзија на фолна во хидроксифолна киселина, во метаболизам на јаглени хидрати, синтеза на липиди и протеини, метаболизмот ма железото, ја зголемува отпорноста кон инфекции и учествува во клеточната респирација.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eВитамин Ц ги редуцира простетичните метални јони од многу ензими и има антиоксидативна функција преку неутрализирање на слободните радикали.\u003c\/p\u003e\n\u003ch4\u003e\u003cstrong\u003eДејство на Витамин Ц 1000 mg\u003c\/strong\u003e\u003c\/h4\u003e\n\u003cp\u003eНајпримарно е антиоксидантното дејство на витамин Ц, како и неговата специфична улога  во мобилизирање на одбрамбените сили на организмот. Поттикнувакќи ја работата на имунолошкиот систем витамин Ц се препорачува во превенција на инфекции, настинки и грип, како и за намалување на симптомите на истите. Тој ја спречува оксидацијата на маснотиите во телото, со што се превенира атеросклероза.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eНеопходен е за синтеза на колаген – еластични белковински структури кои ги  зацврстуваат мускулите и ѕидовите на крвните садови, а влегува и  во состав на кожата, тетивите, коските, ´рскавицата и забите. Затоа внесувањето доволни количества витамин Ц во организмот го олеснува зараснувањето на раните, а влијае и врз поздрав и поубав изглед на кожата.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eЈа подобрува апсорпцијата на железо во цревата и затоа се препорачува заедно со суплементи на железо. Учествува во превенција на катаракта и помага во одржување на видот.\u003c\/p\u003e\n\u003ch4\u003eДополнително внесување на витамин Ц (како додатоци на исхрана) е корисно и потребно за сите возрасти и во сите годишни времиња бидејќи дејствува во насока на одржување на здравјето на луѓето (продолжување на нивниот животен век, го забавува процесот на стареење, ја одржува менталната и физичката кондиција на потребно ниво и ја зголемува отпорноста на организмот.)\u003c\/h4\u003e\n\u003cp\u003eПотребата од постојано внесување на витамин Ц е затоа што тој не може да се складира во организмот подолго време, а бидејќи е растворлив во вода, внесениот вишок се излачува преку урината. Затоа Synergy витаминот Ц е изработен со нова технологија на таблети витамин Ц која овозможува постепено ослободување на овој витамин во текот на 24 часа и негова максимална искористеност.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eЗголемени потреби од витамин Ц се јавуваат кај трудници, доилки, рековалесценти, постари лица, при зголемена телесна температура, хирушки зафати, употреба на некои лекови, спортисти, дијабетичари, при хемодијализа, пушачи, при консумирање алкохол, дијети, алергии, стрес и др.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eПрвите симптоми на недостиг на витамин Ц во организмот најчесто се неспецифични: слабост, брзо заморување и тромост. Во подоцнежната фаза, пациентите се жалат на болки во коските, зглобовите и во мускулите, а понекогаш и на отежнато дишење.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eСе зголемува можноста за почести инфекции и забавено закрепнување. Може да дојде и до отоци, крварење на непцата, пукање на капилари и бавно зараснување на рани и скршеници. Тежок дефицит на витамин Ц доведува до болеста скорбут.\u003c\/p\u003e","brand":"Lekora.shop","offers":[{"title":"Default Title","offer_id":52159795724601,"sku":null,"price":660.0,"currency_code":"MKD","in_stock":true}],"thumbnail_url":"\/\/cdn.shopify.com\/s\/files\/1\/0990\/6352\/9785\/files\/synergy-vitc.jpg?v=1778016027","url":"https:\/\/lekorashop.com\/products\/synergy-vitamin-c-tbl-60-x-1000-mg","provider":"Lekora.shop","version":"1.0","type":"link"}