SYNERGY Селен, 60 таблети
SYNERGY SELENIUM 100mcg
ПРИРОДЕН И МОЌЕН АНТИОКСИДАНТ
Што претставува Selenium 100mcg?
Селенот е есенцијален минерал што се наоѓа во многу мали количества во организмот. Тој е од особено значење затоа што го зголемува имунитетот, има улога на антиоксиданс и се бори против оштетувањето и воспаленијата предизвикани од штетните слободни радикали. Освен тоа, игра и клучна улога во одржувањето на здравиот метаболизам.
Претставува дел од антиоксидантните ензими кои ги штитат клетките од оштетување, нивно стареење и смрт, особено на кожата, мускулите и мозокот. Затоа, со право се нарекува минерал на долговечноста.
Дејство на Selenium
- Помага во зајакнување на имунитетот
- Нормална функција на тиреоидна жлезда
- Заштита од оксидативен стрес
- Одржување на нормална коса и нокти
- За нормална сперматогенеза
Селенот учествува во производството на глутатион пероксидазата, која го заштитува целиот организам, а поради својата силна антиоксидативна моќ е клучен и за силен имунолошки систем. Поседува и силни антивоспалителни својства. Оттука, честите настинки, инфекции и генерално слабиот имунитет може да бидат знак дека селенот е на многу ниско ниво. Покрај тоа, селенот е клучен и во производството на здрава сперма кај мажите, но и за кардиоваскуларното здравје.
Селенот е важен за нормална работа на црниот дроб и помага во исфрлање на некои отрови како арсенот, кадмиумот, живата и оловото.
Согласно истражувањата, консумацијата на селен од природните извори има позитивни антивирални ефекти, есенцијален е за успешен машки и женски фертилитет и репродукција, а исто така го намалува ризикот од автоимуни и тироидни заболувања.
Најчести симптоми кои укажуваат на недостаток на селен:
Недостатокот на селен најчесто доведува до определени заболувања како на пример болести на кожата, косата и ноктите, разни воспаленија, алергии, доаѓа до намалување на синтеза на протеини, дегенеративни промени во миокардот и мускулите во целина.