SYNERGY Омега 3, 60 капсули

SYNERGY Омега 3, 60 капсули

ден 630.00
Sale price  ден 630.00 Regular price 
Skip to product information
SYNERGY Омега 3, 60 капсули

SYNERGY Омега 3, 60 капсули

ден 630.00
Sale price  ден 630.00 Regular price 

Synergy OMEGA 3 капсули, 60 капсули.

Synergy Omega 3 1000mg e 100% природен додаток на исхрана со концентрирано рибино масло богато со Омега 3 незаситени масни киселини (DHA и EPA) и витамин Е. Омега 3 масните киселини се есенцијални поради тоа што не можат да бидат создадени од нашиот организам и затоа мора да се внесуваат преку исхраната и преку додатоци на исхрана.

Омега 3 масните киселини промовираат контрола на метаболизмот на мастите и придонесуваат за здрав циркуларен систем. Витамин Е како моќен антиоксиданс ја спречува оксидацијата на незаситените масни киселини и ги неутрализира слободните радикали.

Омега 3 масните киселини поседуваат антиинфламаторно, антиаритмичко,  антитромботично и вазодилататорно дејство.

Дејство на Omega 3 1000mg

Омега 3 масните киселини го намалуваат нивото на плазма триглицеридите кај лица со хипертриглицеридемија преку намалување на нивната синтеза во црниот дроб.

Омега 3 масните киселини помагаат во одржување на добра состојба на срцевиот мускул, коронарната циркулација и одржување на крвниот притисок.
Употребата на EPA и DHA за време на бременоста има значајни придобивки за плодот. Докажано е дека тие учествуваат во правилно созревање на клеточните мембрани и во развојот на мозокот и на ретината кај плодот.

Омега 3 учествуваат во одржување на интегритетот на клеточните мембрани и ја олеснуваат хидратацијата на кожата. Во неколку истражувања е забележано дека омега 3 масните киселини одржуваат здрав антивоспалителен баланс на зглобовите кај пациенти со ревматоиден артритис.

Омега 3 го намалуваат излачувањето на кортизолот, предизвикано од стрес.

Тие помагаат во одржување на нормална функција на мозокот и се неопходни за одржување на когнитивните функции, процесите на учење и меморија како и за добро расположение.

Многубројните студии од понов датум покажале дека омега-3 масните киселини кај постарата популација се добра превенција за Алцхајмерова болест и депресија. Омега 3 масните киселини имаат позитивно влијае на макуларната дегенција и се препорачуваат за одржување на нормален вид.


Можеби ќе ви се допадне