SYNERGY Мега Б-комплекс, 60 таблети
SYNERGY MEGA B-COMPLEX
БЕЗ СТРЕС И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА
Што претставува B-complex mega?
Б-комплекс содржи витамини од Б групата, кои учествуваат во метаболизамот на јагленохидратите, мастите и протеините. Недостатокот на еден од овие витамини или зголемената потреба од истиот предизвикува потреба и од другите витамини од оваа група. Затоа кога ќе се појават знаци на недостаток на било кој витамин од Б групата, треба да се земе целиот Б витамински комплекс.
Витамините Б се потребни во секој дел од организмот како коензими (клучни компоненти на ензимите). Тие се особено важни за одржување на здравјето на нервниoт,имунолошкиот и дигестивниот систем; како и за кожата, косата, очите, црниот дроб и устата. Исто така го помагаат и согорувањето на јаглените хидрати, со што се создава енергија за целиот организам.
Докажано е дека Б комплексот има огромна улога за нормално функционирање на нервниот систем. Експертите сметаат дека внесувањето на поголеми количества од Б витамините помагаат при форми на депресија, анксиозност, раздразливост и слабо паметење.
Дејство на B-complex mega
- Витамин Б1 му помага на организмот во претварањето на јаглени хидрати во енергија и придонесува за нормално функционирање на нервниот систем и срцето.
- Витамин Б2 ги заштитува клетките од оксидативен стрес, ги намалува заморот и исцрпеноста, учествува во одржување на функцијата на нервниот систем, одржување на здрава кожа и нормален вид. Учествува во метаболизмот на железото и во создавањето на црвени крвни клетки.
- Ниацинот е поддршка за нервниот систем, кожата слузницата и ги намалува заморот и исцрпеноста.
- Од многубројните функции на витаминот Б6 : придонесува за здрав имунолошки и нервен систем, учествува во регулирање на хормонската активност и во создавање на црвени крвни клетки. Го намалува заморот и исцрпеноста учествувајќи во сите процеси на ослободување на енергија при метаболизам на протеините и јаглените хидрати.
- Фолната киселина е потребна за производство и обновување на крвните клетки, важна е за создавање на нуклеински киселини и аминокиселини, а учествува и во забрзаниот раст на ткивата на мајката за време на бременоста.
- Витамин Б12 ги поддржува нервниот и имунолошкиот систем, учествува во создавањето на црвени крвни клетки и во процесот на клеточната делба.
- Биотинот е важен за нервниот систем, кожата и мукозната мембрана.
- Пантотенската киселина учествува во метаболизмот и синтезата на стероидни хормони, витамин Д и некои невротрансмитери.