NYSK HOLDINGS Канабисол CBD 20%, 10 ml
Nysk Holdings Canabisol CBD 20% масло од канабис (маслен екстракт од растението канабис) е граничен производ.
-
Маслениот екстракт е со докажано отсуство на пестициди и хербициди
-
Екстракцијата се изведува со софистицирана опрема, што обезбедува висок квалитет на маслениот екстракт
-
Канабисол CBD 20% маслото од канабис содржи примарно CBD (Cannabidiol) но може да содржи и други канабиноиди како CBN (Cannabinol) и CBG (Cannabigerol) и нивни карбоксилни соединенија
-
Канабиноидите се врзуваат за СВ1 и СВ2 рецепторите на ендоканабиноидниот систем и предизвикуваат имуномодулаторен ефект (го подобруваат имунолошкиот систем)
-
Канабисол CBD 20% маслото од канабис воедно може да содржи и траги од терпени, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9), флавоноиди, фитостероли, аминокиселини, гликозиди, витамини (А, Б1, Б2, Б6, Ц, Д, Е, Ф), пигменти, алкани, азотни соединенија кои се важни во изградба на клетките, метаболните процеси, одржување на функцијата на многу системи и целосно подобрување на општата здравствена состојба
-
Не содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) и THCA (9-delta tetra hydrocannabinolic acid) или ги содржи во незначителни количини под 0,2 %
-
Канабисол CBD 20% маслото од канабис може да помогне на организмот при состојби со малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични синдроми во детска возраст, но не е замена за стандардната терапија при наведените заболувања
Позитивни ефекти при употреба на КАНАБИСОЛ CBD 20% маслото од канабис се манифестираат и при:
- Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми
- Се користи против гадење и повраќање, посебно за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања, помага во одржување на балансот на цревната флора
- Ублажува состојба на болка од различно потекло, заради неговото противвоспалително дејство
- Може да се употребува и при превенција од кардиоваскуларни болести - помага при регулирање на крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето, делува кардиопротективно, може да помогне во регулирање на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта, може да помогне во регулирање на покачена концентрација на гликоза во крвта