CANABIGAL sirup SO CBD KESI x 20
Природна мешавина од мед и CBD, каде медот ја надополнува активноста на CBD екстрактот и го зајакнува имунитетот.
Канабигал сируп содржи прочистен природен CBD, добиен преку современа CO2 екстракција од растението коноп. Овој метод ја задржува целата палета на канабиноиди, терпени и други корисни состојки.
CBD маслото е проверено и не содржи пестициди и хербициди. Главни активни состојки се канабиноиди како CBD, CBN, CBG и нивните карбоксилни соединенија.
Канабиноидите делуваат на CB1 и CB2 рецептори на ендоканабиноидниот систем, со имуно-модулаторно дејство за зајакнување на имунитетот.
Дополнително, CBD маслото содржи терпени, омега масни киселини, флавоноиди, фитостероли, аминокиселини, гликозиди, витамини , пигменти, алкани и азотни соединенија, кои се важни за метаболизам и целокупна здравствена состојба.
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.